Концерт 12669598_10153474608932877_242935157571347642_n

12 февруари, 2016

„Дамјан Пејчиноски трио“ со концерт во кино „Фросина“

„Дамјан Пејчиноски трио“ на 23 февруари ќе одржи концерт во кино „Фросина“. Гитарскиот виртуоз, заедно со колегите Горан Гешоски (бас гитара) и Стефан Миладинов (гитара), својот прв концерт на оваа локација го одржаа во ноември минатата година. Настанот е со почеток од 21 часот, а влезниците се веќе пуштени во продажба на касата на МКЦ, по цена од 200 денари.

Пејчиноски, кој зад себе има бројни настапи, награди и признанија од целиот свет, неодамна претстојуваше во Австралија, по повод гостувањето во академијата „Џеј-ем-си“ во Сиднеј, каде што подучуваше млади музичари.

 



Врати се горе ↑