24 април, 2018

Дамјан Пејчиноски со одлична инструментална верзија на „Ти не дојде“ од Каролина

Сè уште е во тек концертната промоција на новиот албум на Каролина, „Извор“, а поддршка за новиот материјал пејачката доби и од својот колега Дамјан Пејчиноски. Имено, гитарскиот виртуоз деновиве ја претстави инструменталната изведба на баладата „Ти не дојде“, на која гостува и во официјалната (албумска) верзија, па секако дека следеа и бројни пофалби од воодушевените слушатели.

"Ti ne dojde" (instrumental) – track No.11 from the latest album of Karolina Goceva that I had the privilege to be part…

Gepostet von Damjan Pejcinoski am Samstag, 21. April 2018

 

Изведбата стигна спакувана со видео снимено во Цирих, а со сето тоа можете да уживате горе. Инаку, како што спомнавме, промотивната турнеја на „Извор“ е сè уште во тек, а по саботниот концерт во Тетово, вечерва на ред се гостиварци, додека на 6, 7 и 10 мај се закажани средбите со кумановската, штипската и струмичката публика.



Врати се горе ↑