Концерт

6 август, 2018

Дамјан Пејчиноски и Џон Илија Апелгрен со заеднички концерт во Охрид

В четврток, 9 август, на плажата „Куба либре“ во Орид заеднички концерт ќе одржат Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен, а специјален гостин ќе им биде бугарскиот виолинист Љубомир Тулумбаџиев. Заедно со нив ќе свират и Иван Петровски на ритам-гитара и Горан Гешовски на бас-гитара.

Концертот е отворен за сите љубители на музиката на овие виртуози, а почетокот е закажан во 22.00 часот.

Gepostet von Cuba Libre Beach am Montag, 30. Juli 2018



Врати се горе ↑