Концерт damirpuh_golema

4 октомври, 2017

Дамир Пух со концертна промоција на првенчето „Recollection“

Познатиот музичар и гитарски виртуоз Дамир Пух концертно ќе го промовира својот албум првенец што го носи насловот „Recollection“, и кој беше објавен летово. Концертот е закажан за 11 октомври, среда, во „Станица 26“, со почеток од 22 часот, а како што најави Пух, освен албумот што ќе го отсвират во целост, ќе има доста интересен материјал, музички гости и по некое изненадување.

1

„Recollection“ е албум составен од девет композиции, кои се инструментални, без вокална интерпретација. Главната одлика на албумот се гитарските делници, кои Дамир Пух ги свири беспрекорно и со многу емоции. „Се потрудив ова парче музика да не биде компилација од матрици над кои покажувам како и колку знам да свирам, туку да биде сублимат на издржани композиции со силен музички израз. Се надевам дека барем делумно успеав во замислата“, рече Дамир за своето прво албумско издание.

Изданието е веќе е објавено на цеде и може да се набави во продавницата „1/2 Југотон“, по цена од 300 денари. Оние што повеќе претпочитаат дигитален формат, албумот можат да го купат преку интернет-продавницата „Цеде бејби“, а наскоро и преку „Ајтјунс“, „Амазон“, „Гугл плеј“ и „Спотифај“.

Влезниците за претстојната концертна промоција се веќе пуштени во претпродажба по цена од 200 денари, а можат да се набават преку продажната мрежа на Купи карти за сè“.



Врати се горе ↑