8 декември, 2013

Далтон и Смајли: „Имаш пари, си ценет!“

Раперот Александар Јовановски (Далтон) и неговиот брат близнак Пеце Јовановски познат како Смајли без фаца, снимија нова рап песна насловена „Имаш пари, си ценет“. Видео записот кој е снимен во Струга од страна на R2D2 продукција, за помалку од две недели собра преку 4.000 прегледи, што е голем успех за момците од Струга.

Смајли и Далтон, кои со својата екипа веќе имаат шест песни и два видео записа, се автори на текстот, а велат дека инспирацијата ја црпат животот и нивното секојдневие. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑