Аудио taylor-swift-reputation

5 септември, 2017

Дали сте подготвени за новата песна на Тејлор Свифт?

Изминативе недела дена, во центарот на вниманието е повратничкиот сингл на Тејлор Свифт, чие видео ги фрли во сенка сите збиднувања на доделувањето на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви, каде што „Look What You Made Me Do ја имаше својата телевизиска премиера. Но, американската пејачка не чекаше долго да објави уште една песна од претстојниот албум насловен „Reputation“, па деновиве стигна темата „…Ready For It?“.

Станува збор за уште еден потенцијален хит, кој не е во нејзиниот препознатлив стил, но соодветствува со новиот имиџ и новата „Репутација“, закажана за 10 ноември. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑