За Вас tickets-DD-H

8 јули, 2015

Дали сте подготвени за најдобрите музички настани ова лето?

„Скопје сити мол“ и „Пасворд продукција“ ова лето Ве водат на најдобрите музички настани!

Сè што треба да се направи е да се приложи фискална сметка за остварен шопинг во некој од локалите во „Скопје сити мол“ со вредност над 3.000 ден. и да се дополни реченицата „Сакам да одам затоа што_________________________________ !“ На тој начин се станува еден од потенцијалните добитници на 2 билети за некој од престојните настани:  фестивалите „Си денс“ во Црна Гора, „Д фестивал“ во Дојран, „Грин бич“ во Охрид“ и концертот на Стефан Миленковиќ и „Танго компас“, исто така во Охрид. Извлекувањата ќе бидат јавни, од кутијата ќе се извлекуваат по 5 добитници и ќе се поставуваат на гласање на facebook.com/skopjecitymall. Најлајкуваните пораки ќе бидат и добитници на билетите.

Според распоредот, кампањата започнува денес, а првото извлекување е на 09.07 (четврток), во 18 часот каде што ќе се извлекуваат добитниците на картите за фестивалот „Си денс“ (Sea Dance). Второто извлекување е на 11.07 (сабота), во 18 часот, каде што 5-мина најсреќни ќе добијат по 2 влезници за „Д фестивал“. Третото извлекување е закажано за во петок, 17 јули, каде што дури 20-мина ќе добијат по 2 влезници за фестивалот „Грин бич“. Четвртото и последно извлекување е на 25 јули, сабота, во 18 часот и 7-мина најсреќни ќе добијат по две карти за „Охридско лето“.

Важно да се напомене е дека пријавувањето и приложувањето сметките  е на инфопултовите во „Скопје сити мол“.



Врати се горе ↑