Свет es

15 април, 2015

Дали и вие заспивате со Ед Ширан?

„Спотифај“ објави листа со песни кои луѓето најчесто ги слушаат пред спиење. Анализата на овие листи покажала дека на нив најприсутен е Ед Ширан, со чии песни заспива најголем број на корисниците на овој популарен сервис. Посебно се издвојува песната „Thinking Out Loud“, која се наоѓа на врвот на листата (2,8 милиони преслушувања на овие листи), а веднаш зад него е уште една британска ѕвезда – Сем Смит с0 песната „Stay With Me“.

На листата „Најслушани песни за спиење“ инаку доминираат британските изведувачи, па така покрај Ширан и Смит, многумина пред да заспијат слушаат и песни од Ели Гоулдинг и „Колдплеј“. Сепак, Ед навистина царува со оваа листа, бидејќи во 20-те најслушани песни зазеде дури 7 места.

Еве како изгледа листата „Most Streamed Sleep Songs“, која „Спотифај“ ја состави врз основа на анализата на вкусот на своите корисници:

1. Thinking Out Loud – Ед Ширан
2. Stay With Me – Сем Смит
3. Love Me Like You Do (од „50 нијанси на сиво“) – Ели Гоулдинг
4. I See Fire – Ед Ширан
5. I’m Not the Only One – Сем Смит
6. Rain for Sleep – Звуци на дожд
7. All of Me – Џон Леџенд
8. Earned It (од „50 нијанси на сиво“) – Викенд
9. Let Her Go – Песинџер
10. Skinny Love – Брди
11. Say Something – „Грејт биг ворлд“ и Кристина Агилера
12. FourFiveSeconds – Ријана, Пол Макартни и Канје Вест
13. The A Team – Ед Ширан
14. Tenerife Sea – Ед Ширан
15. Give Me Love – Eд Ширан
16. Lay Me Down – Сем Смит
17. Fix You – Колдплеј
18. Photograph – Eд Ширан
19. Kiss Me – Eд Ширан
20. Latch (Acoustic) – Сем Смит

 



Врати се горе ↑