Македонија 12106985_898399053572297_8592024757703418382_n

13 октомври, 2015

Дали фановите му резервираа лет за Милано на Кајмакоски?

Гласањето за европските музички награди на Ем-ти-ви се во тек, воедно и за категоријата „Најдобар изведувач од Балканот“ (Best Adria Act),  во која е номиниран нашиот Даниел Кајмакоски. Гласањето за оваа категорија трае уште еден ден, до 14 октомври 00.00 (точно на полноќ). Доколку е ваш фаворит во оваа категорија може да гласате на овој линк.

Откако е започнато гласањето, Даниел добива поддршка од сите страни, од своите фанови, посебно од оние најмладите кои изминатите денови организираа собир во Скопје и му испратија цртеж со порака – лет од Скопје до Милано.

Церемонијата за доделување европските музички награди на Ем-ти-ви за 2015 година ќе се одржи во Милано, на 25 октомври, каде главен домаќин на вечерта ќе биде добро познатиот британски музичар Ед Ширан.

 

 



Врати се горе ↑