22 декември, 2012

„Далеку од тебе“ на Јасмин Алиевски доби видео запис

Приказната на поп изведувачот Јасмин Алиевски насловена „Далеку од тебе“, која беше раскажана на последното издание на Макфест, деновиве доби и видео запис. Спотот е изработен од страна на ExitB Production, а популаризиран од страна на PlanB Production. Спотот е спој на двата настапа на Макфест на Алиевски.

По паузата од година и половина, се одлучив за настап на престижниот фестивал Макфест, каде со пеење во живо, можеш да видиш како и колку твојата приказна низ ноти стигнала до публиката. Исто така овој фестивал бил почеток на една успешна кариера на многу наши пеачи. Пласманот во финалето беше доволен знак дека сум на вистинскиот пат, па затоа се одлучив Далеку од тебе да и ја подарам на публиката и со видео издание“ – ни изјави Јасмин.

Ова е негова трета песна создадена од перото на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и аранжманот, а текстот го напиша Милан Миланов. Претходните две негови теми, „Јас не сум крив“ и  „Никогаш не вели никогаш“ се авторско дело на Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска Ена.

 Јасмин има во план и нова песна и за неа ќе биде изработен спот, а ке биде пуштена во етер во летниот период, со која само ќе продолжи да докажува дека неговото време на македонската музичка сцена допрва доаѓа, затоа што, како што вели самиот „Не можам да замислам свет без ноти, а музиката е убавата страна на живеењето.“



Врати се горе ↑