Аудио 10401891_633802930057268_8534669241730670096_n

29 декември, 2014

„Далеку“ е новиот сингл на „Фулиш грин“

Групата „Фулиш грин“ денеска го промовираше својот нов сингл насловен „Далеку“, кој воедно е и прва песна на македонски јазик.

„Два дена пред влегувањето во 15-тата година од 3-тиот милениум во сегашната ера, далеку од ѕвездените галаксии и вселенските млечни патишта, ’Фулиш грин’ предновогодишно ви го испраќа новиот сингл таканаречен ’Далеку’. Ова е прв сингл на македонски јазик од бендот и се надеваме дека ќе ви го ослободи допаминот и ќе ги активира вашите рецептори за ритам а можеби и кратките, малку меланхолични неврони во вентрал-тегменталната област во вашиот мозок…да не ја должиме многу…“, пишува во најавата за песната, чии автори се самите членови на бендот, а за миксот и мастерингот се погрижи Дарко Спасовски – Пацки.

Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑