Македонија 10390139_754204957944659_3358485866950555736_n

16 декември, 2014

„Далас рекордс“ регионален изадавач на албумот „Играј!“ на македонскиот бенд „Темпера“

Албумот „Играј!“ на македонскиот супер бенд „Темпера“, кој на македонскиот пазар се појави во мај оваа година, ќе добие свое регионално издание, кое ќе се најде на музичкиот пазар на просторите на сите поранешни југословенски држави, јавуваат од „Авалон продукција“.

Како издавач се појавува „Далас рекордс“ (Dallas Records) – една од водечките дискографски куќи во регионот што со своите изданија рушеше рекорди во продажбата во изминатите 20 години. „Далас рекордс“ е основана уште во 1987 година и е ексклузивен застапник на „ЕМИ“, која пак е издавач на светските музички великани, меѓу кои „Битлси“, „Квин“, Кајли Миног, Роби Вилијамс, Нора Џонс, Лили Ален, „Депеш мод“, „Пет шоп бојс“, „Колдплеј“, Дејвид Боуви, Тина Тарнер и многу други.

Во овој момент „Темпера“ се актуелни со новата песна „Коњаници“, која е преработка на „Падот на Византија“, а во музичкиот етер се појавува непосредно пред ексклузивниот клупски  коцерт закажан 20 декември (сабота) во интимната атмосфера на клубот „Станица 26“.

Влезниците за концертот по цена од 300 денари се веќе во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑