Uncategorized 10408104_811066212267849_5182559732216962988_n

30 април, 2015

„Далас рекордс“ го објави „Македонско девојче 2“ на Каролина

Албумот „Македонско девојче 2“ доби свое регионално издание преку водечката дискографска куќа „Далас рекордс“ (Dallas Records) и веќе може да се најде на музичкиот пазар на просторите на сите поранешни југословенски држави, јавуваат од „Авалон продукција“. Првиот сингл којшто веќе се врти по радиостаниците ширум Балканот е песната „Кој да ми запее“.

 

Како што претходно Ви пренесовме, „Далас рекордс“ е една од водечките дискографски куќи во регионот што со своите изданија рушеше рекорди во продажбата во изминатите 20 години, а албумите и изведувачите меѓу кои Џибони, Северина, Бајага и многу други еминентни музички имиња, освојуваа бројни награди. „Далас рекордс“ е основана уште во 1987 година и е ексклузивен застапник на ЕМИ која пак е издавач на светските музички великани, меѓу кои „Битлси“, „Квин“, Кајли Миног, Роби Вилијамс, Нора Џонс, Лили Ален, „Депеш мод“, „Пет шоп бојс“, „Колдплеј“, Дејвид Боуви, Тина Тарнер и многу други.

За идните планови поврзани со промоција или настапи на Каролина, во контекст на регионалното издание на албумот „Македонско девојче 2“ ќе бидете навремено известени.



Врати се горе ↑