Видео

25 април, 2019

Дајте им време на Анета Џорџ и „Мартин Милсент трио“

Анета Џорџ е македонска композиторка, пејачка и пијанистка, која веќе неколку години живее во Париз. Зад псевдонимот Анета Џорџ се крие всушност името на Анета Качуркова, некогашната членка на женската вокална поп-група „ПС“  од Скопје од средината на 90-те. Јавноста ја памети и по нејзината соработка со Роберт Билбилов („Април“), но и како соло-вокал (Порака“).

Таа досега има соработувано со музичари како Оскар Салас, Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Мишел Хендрикс, Чарлс Тарнер, Седрик Анрио, Меџик Малик, Џејмс Робинс… Има настапувано во Индија, Јужна Африка, насекаде во Европа со нејзиниот проект „Universal Love“.

„Париз/Лондон – Moods and Modes“ е горд да го најави новото албумско издание на Анета Џорџ и „Мартин Милсент трио“ наречено „Playground“, кое е достапно на сите музички платформи. Новиот албум е нејзина соработка со француското џез-трио предводено од композиторот и пијанист Мартин Милсент, и е фузија меѓу соулфул џез и нејзините македонски мелодии и ритми.

Како прв сингл од овој проект на Анета Џорџ и „Мартин Милсент трио“ е објавена темата „Give It Time“, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑