Аудио dido---press-pic-1---photographer---guy-aroch

16 декември, 2012

Дајдо се враќа со нова песна

Британската пејачка која пошироката светска публика ја запозна по дуетот со раперот Еминем, со кој ја изведоа „Stan“, Дајдо (Dido) се враќа со нова песна. Имено, по пауза од 4 години, откако во 2008 година го издаде последниот студиски албум насловен „Safe Trip Home“, минатото лето Дајдо доби син, па нејзиното отсуство беше оправдано. Сега во соработка со раперот Кендрик Ламар, пејачката ја објави нумерата „Let Us Move On“, која ќе се најде на новиот албум „Girl Who Got Away“ закажан за март, следната година. Во продолжение слушнете како звучи оваа соработка.

 



Врати се горе ↑