Настани

11 ноември, 2017

Дајана Рос со награда за животно дело на претстојните американски музички награди

Легендарната музичка дива Дајана Рос е годинашната добитничка на наградата за животно дело на претстојното 45. доделување на американските музички награди што ќе се одржи на 19 ноември во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес. Некогашната членка на „Супримс“ и ексклузивка на „Мотаун“ ќе има и свој настап на оваа манифестација, која секоја година ги слави достигнувањата на најпопуларните музички имиња во САД.

73-годишната ѕвезда, чија кариера започна во далечната 1959 година, зад себе има бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата Греми за животно дело, која ја доби во 2012 година, а досега објавила вкупно 67 aлбуми и над 90 синглови. „Ain’t No Mountain High Enough“, „Upside Down“, „I’m Coming Out“, „Chain Reaction“ се само дел од хитовите што ја одбележаа нејзината повеќедецениска кариера, а публиката уште еднаш ќе може да се потсети на дел од нив токму на доделувањето на американските музички награди.

За ова јубилејно, 45. издание на популарната манифестација номинациите беа објавени минатиот месец, а во трка за најмногу статуетки е Бруно Марс, кој е номиниран во дури 8 категории, вклучувајќи ги уметник на годината и видео на годината за хитот „That’s What I Like“. Веднаш зад него, со по 5 номинации се „Чејнсмоукерс“, Дрејк, Кендрик Ламар, Ед Ширан и Викенд, додека Џастин Бибер, Деди Јенки и Луис Фонси добија по 4 номинации.

Покрај Дајана Рос, меѓу досега потврдените изведувачи се и јужнокорејската група „Би-ти-ес“ (BTS), Кели Кларксон, Селена Гомез, Деми Ловато и Пинк, како и Кристина Агилера, чиј настап ќе биде во чест на Витни Хјустон и 25-годишнината од премиерата на филмот „Телохранител“ (The Bodyguard). Наскоро се очекуваат уште нови изведувачи и, секако, да се открие кој ќе биде домаќин или домаќини на манифестацијата. Комплетниот список со номинации ве очекува во продолжение.

AMA_Logo

Уметник на годината

  • Чејнсмоукерс
  • Дрејк
  • Кендрик Ламар
  • Бруно Марс
  • Ед Ширан

Нов уметник на годината

  • Џејмс Артур
  • Најл Хоран
  • Џулија Мајклс
  • Пост Малоун
  • Реј Сремурд

Соработка на годината

  • Closer“, Чејнсмоукер и Халзи
  •  „Despacito“, Луис Фонси со Деди Јенки и Џастин Бибер
  • I’m The One, диџеј Калид со Џастин Бибер, Куејво, Ченс д Рапер и Лил Вејн
  • Don’t Wanna Know, Марун 5 и Кендрик Ламар
  • Starboy, Викенд и Дафт панк

Турнеја на годината

  • Гарт Брукс
  • Колдплеј
  • Ју-ту

Видео на годината

Омилен машки поп/рок изведувач

  • Дрејк
  • Бруно Марс
  • Ед Ширан

Омилен женски поп/рок изведувач

  • Алесија Кара
  • Лејди Гага
  • Ријана

Омилено поп/рок дуо или група

  • Чејнсмоукерс
  • Колдплеј
  • Имеџин дрегонс

Омилен поп/рок албум

  • „More Life“, Дрејк
  • „24K Magic“, Бруно Марс
  • Starboy“, Викенд

Омилена поп/рок песна

  • „Closer“, Чејнсмоукерс и Халзи
  • „Despacito“, Луис Фонси со Деди Јенки и Џастин Бибер
  • „Shape of You“, Ед Ширан

Омилен машки кантри изведувач

  • Сем Хант
  • Томас Рет
  • Кит Урбан

Омилен женски кантри изведувач

  • Миранда Ламберт
  • Марен Морис
  • Кери Андервуд

Омилено кантри дуо или група

  • Флорида-Џорџа лајн
  • Литл биг таун
  • Олд доминион

Омилен кантри албум

  • „They Don’t Know“, Џејсон Алдин
  • „From a Room:, Vol. 1“, Крис Стејплтон
  • „Ripcord“, Кит Урбан

Омилена кантри песна

Омилен рап/хип-хоп уметник

  • Дрејк
  • Кендрик Ламар
  • Мигос

Омилен рап/хип-хоп албум

  • „More Life“, Дрејк
  • „Damn“, Кендрик Ламар
  • Culture“, Мигос

Омилена рап/хип-хоп песна

  • „I’m The One“, диџеј Калид со Џастин Бибер, Куејво, Ченс д Рапер и Лил Вејн
  • Humble, Кендрик Ламар
  • Black Beatles, Реј Сремурд и Гучи Мејн

 

Омилен машки соул/ар-ен-би изведувач

  • Чајлдиш Гамбино
  • Бруно Марс
  • Викенд

Омилен женски соул/ар-ен-би изведувач

  • Бијонсе
  • Кејлани
  • Ријана

Омилен соул/ар-ен-би албум

  • Awaken My Love!“, Чајлдиш Гамбино
  • „24K Magic“, Бруно Марс
  • Starboy“, Викенд

Омилена соул/ар-ен-би песна

  • Location“, Калид
  • That’s What I Like“, Бруно Марс
  • Starboy“, Викенд

Омилен алтернативен рок-уметник

  • Имеџин дрегонс
  • Линкин парк
  • Tуенти-уан пајлотс

Омилен возрасен современ уметник

  • Бруно Марс
  • Шон Мендес
  • Ед Ширан

Омилен латино уметник

  • Луис Фонси
  • Деди Јенки
  • Шакира

Омилен современ инспиративен уметник

  • Лорен Дегл
  • Мрси-ми
  • Крис Томлин

Омилен електро-денс уметник

  • Чејнсмоукерс
  • Келвин Харис
  • диџеј Снејк

Најдобар саундтрак

  • „Чувари на галаксијата 2“ (Guardians of the Galaxy, Vol. 2: Awesome Mix Vol. 2)
  • „Моана“ (Moana)
  • „Тролови“ (Trolls)


Врати се горе ↑