Аудио PricinaCover

4 јули, 2015

„Дај ми причина“ е новата песна на Перо Пандилоски

Брз и динамичен ритам, романтична лиричност и многу емоции. Перо Пандилоски во новата песна бара барем една причина за да ја освои девојката.

„Песната ја снимивме во студиото на Лазар Цветкоски. Музиката ја напиша Јован Василевски, аранжманот Гоце Симоноски, додека пак текстот го потпишува Боби Мојсовски од ’Х фактор’. Задоволен сум од крајниот производ. Се договоривме да направиме нешто денс, за летово. Се надевам дека публиката ќе ја засака песнава и ќе биде вртена низ радио станиците“, вели Перо, кој зад себе има веќе 6 песни, а последниот видео запис за темата „Соло“ го претстави во ноември минатата година.

Со оваа песна покажува дека длабоко навлегува во естрадните води, а како звучи „Дај ми причина“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑