Видео

4 декември, 2018

„Дај ми да пијам“ е новата песна на „Марлон Брандо“

„Марлон Брандо“ го објави видеото за својата најнова песна насловена „Дај ми да пијам“, која е своевидна сатира за денешницата во Македонија. Автор на музиката и стиховите е мултиталентираниот актер и музичар Кирил Трајковски – Максим, а аранжманот е на Александар Кипровски, додека видеото е дело на продукцијата „Зона М1“.

Дами и господа новиот спот на Марлон Брандо – "Дај ми да пијам" https://www.youtube.com/watch?v=uCTrJ7XuV7gВи…

Gepostet von Kiril Trajkovski Maxim am Samstag, 1. Dezember 2018

 

Во новата песна гостува и трикратниот првак на хармоника Мишел Трајковски, кој периодов е актуелен со одличната Тарантино џез. Со „Дај ми да пијам“ воедно се заокружува и материјалот за првиот албум на „Марлон Брандо“, а дали насловот е само параван за она што навистина се пее во песната останува да одлучи публиката.



Врати се горе ↑