Настани

17 април, 2019

„Дафт панк – трибјут“ на 24 април во „Станица 26“

Во среда, на 24 април во „Станица 26“ гостува ирското дуо „Дафт панк – трибјут“ кое, како што кажува самото име, им оддава чест на своите славни француски колеги. Станува збор за автентичен диџеј-сет во живо, со осветлени кациги и сè што се очекува од висок профил на трибјут-шоу. Во отсуство на вистинските „Дафт панк“, овој официјален трибјут-сет е вистинско шоу што распродава во последниве седум години.

Влезниците се по цена од 400 денари, а настанот е со почеток од 21.00 часот.

Gepostet von Daft Punk Tribute am Dienstag, 26. Februar 2019



Врати се горе ↑