Свет DAFT-PUNK

2 февруари, 2013

Дафт Панк се враќаат со нов албум

По 8 години, откако го издадоа нивниот последен албум „Human After All“ во 2005 година, француското денс-електронско дуо Дафт Панк изјави дека го подготвува четвртото албумско издание, кое би требало да се појави во мај годинава. Како што пишуваат странските медиуми, дуото потпиша договор со Columbia Records, а се шират гласини дека на новото издание ќе соработуваат со големи музички имиња, вклучувајќи ги американскиот гитарист Нил Роџерс, пејачот/композитор/текстописец/актер Пол Вилијамс и италијанскиот продуцент Џорџо Мородер.

 



Врати се горе ↑