Свет Diplo-Daft-Punk-600x450

10 јули, 2013

Дафт Панк и Дурекс претставија „Get Lucky“ кондоми

Како што пишува магазинот Idolator, хитот „Harder, Better, Faster, Stronger“ од Дафт Панк доби сосема друго значење.  Француското електро дуо се обидува од себе да направи интернационален бренд, а нивната прва зделка е соработката со познатата компанија Дурекс.

Имено, Дафт Панк неодамна ја лансираа новата „линија“ на кондоми со насловот на нивниот актуелен хит „Get Lucky“, а на самото пакување на производот се наоѓа и насловната фотографија од синглот. Познатиот продуцент Дипло неодамна постираше фотографија од отвореното пакување на Instagram, каде што напишал: „Фала Богу што синоќа ги имав тие Дафт Панк комдоми“.

Но, момците имаат во план да претстават и производи за деца. Во соработка со Бандаи и јапонската компанија SH Fuguarts ќе претстават колекција од акциони фигури кои ќе бидат достапни од декември. Забава за целото семејство, нели?

 



Врати се горе ↑