14 мај, 2013

Дафт Панк го “отпакуваа“ новиот албум (видео)

Познато е дека долгоочекуваниот нов албум на електро дуото Дафт Панк ќе пристигне на 21-ви мај, а деновиве во вселенската станица во која, како што знаеме, живеат и работат Бангалтер и Омам-Кристо, стигнале и првите примероци од албумот „Random Access Memories“ и тоа во винилна верзија. Во новото кратко видео  насловено „Daft Punk – Random Access Memories Unboxed“ (горе) можете да ги видите „среќните роботи“ како го отпакуваат своето ново издание и да слушнете дури 15 секунди од првата песна на албумот, нумерата „Give Life Back to Music“.

Исто така, уште еден новитет поврзан со француското дуо е тоа што наводно во емисијата на британското радио BBC која ја води познатиот диџеј Пит Тонг било откриено дека Дафт Панк подоцна во текот на годинава планирале да објават и цел албум со ремикси на сите песни од новото издание кои ќе ги направат самите членови на дуото. Оваа вест не е официјално потврдена, но доколку е вистина, идејата им е одлична.

Бонус: Втората соработка со Фарел Вилијамс која се наоѓа на овој албум, деновиве беше претставена на интернет, а песната насловена „Lose Yourself To Dance“ можете да ја слушнете на следниот линк.



Врати се горе ↑