Свет article_big_1366837438daft_punk

25 април, 2013

Дафт Панк: „Get Lucky“ го собори рекордот на Spotify

По подолга пауза, француското електро дуо Дафт Панк го најави враќањето на музичката сцена со нов албум, а новото издание насловено „Random Access Memories“ неодамна беше најавено со првиот официјален сингл „Get Lucky“, во кој гостуваат Фарел Вилијамс и Најл Роџерс. По само десетина дена од објавувањето, нумерата веќе руши рекорди, а еден од нив е бројот на преслушување во рок од 24 часа на сервисот Spotify, лансиран во 2008 година. Имено, песната беше поставена на сервисот во четврток, 18-ти април, а веќе следниот ден го собори рекордот и тоа на двата најголеми пазари на Spotify, Велика Британија и САД, каде што листите на најслушани песни доста се разликуваат; претходниот американски рекорд за „најслушана песна за 24 часа“ го држеа Меклмор и Рајан Луис со нивниот хит „Thrift Shop“, додека во Велика Британија беше песната „Pompeii“ од Бастил.

Долгоочекуваниот нов албум од Дафт Панк најверојатно ќе ја има својата глобална премиера на панаѓур во малото австралиско гратче Wee Waa на 17-ти следниот месец, само неколку дена пред објавувањето на албумот – 20-ти мај.

 

Извор: Billboard



Врати се горе ↑