1 декември, 2015

„Daddy“ е новиот хит на Псај

Корејската сензација што го освои светот со виралниот мегахит „Gangnam Style“, Псај се „заканува“ да го собори сопствениот рекорд со уште еден заразен сингл насловен „Daddy“, кој го најавува седмото студиско издание за раперот – „Chiljip PSY-Da“, објавено денеска. Во новиот видео запис, 37-годишниот рапер повторно вметнал интересна кореографија и мала доза на хумор, а дека публиката сè уште е заинтересирана за неговите проекти докажува и фактот што видеото за само еден ден собра 6,5 милиони прегледи на Јутјуб.

Што се однесува на штотуку објавениот албум, интересно е тоа што меѓу гостите се најде и американскиот музичар Вил Ај Ем, како и британската ѕвезда Ед Ширан, со кого Псај сними ремикс на неговиот хит „Sing“.



Врати се горе ↑