21 април, 2016

„Да оживеам“ е новата балада на Даниел Крстески

По „Ти имаш сè“, младиот и талентиран пејач Даниел Крстески сними нова песна со наслов „Да оживеам“. Како и претходно, така и овој пат, Крстески довербата му ја додели на Ристо Самарџиев, кој се потпишува како автор на музиката и текстот, додека аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.

Крстески за новата песна сними и интересен видео запис на неколку локации во Охрид, како што се  хотелот „Белведере“ и еко-кампот „Дедо Илија“ во Македонски Брод. Покрај Даниел, во спотот се појавува и преубавата Дијана Петкоска, а овој пат режисерската палка му припадна на Жарко Стојкоски.

daniel-3-768x432

„Снимањето помина во одлична и опуштена атмосфера, и се надевам дека спотот ќе ѝ се допадне на публиката. Следно на што работам е летна песна со брз ритам, а исто така се подготвува и песната за ’Охридски фестивал’“, открива Даниел, а како изгледа и звучи неговата нова песна можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑