Македонија 125

6 февруари, 2015

Да им помогнеме на настраданите семејства од поплавените подрачја во Македонија!

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.

Согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја, Црвениот крст на РМ продолжи со дејствување за обезбедување на помош на настараданото население. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.

„Согласно направената проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција). Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул.Момин Поток бб, телефон за контакт: 3114 – 355)“, информираа од Црвениот крст.

Хуманите граѓани и соседи кои се во можност да донираат: вода, храна, медицински ракавици, средства за лична хигиена (влажни марамчиња, пасти за заби, сапуни, шампони итн.), пелени (за деца и возрасни), чорапи, долна облека и други слични потребни работи за секојдневен живот  и сл.,  хуманитарната помош можат да ја остават во регионалните центри на Црвениот крст ширум Р. Македонија.

Броеви за донирање за настраданото население од поплавите – донирате 100ден.
T-Mobile 070 143 400
ONE 075 143 400
VIP 077 143 400

Донација на средства во денари: СМЕТКА
Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
жиро сметка: 300000001327966
даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка

Хуманитарната акција започна од 03.02.2015 и ќе трае до 15.02.2015 година.



Врати се горе ↑