Македонија

14 јуни, 2019

Да ги поддржиме Огнен и Мартинијан во финалето на „Ѕвездите на Гранд“

Се ближи крајот и на оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а во големото финале што ќе се одржи в четврток, на 20 јуни, се натпреваруваат двајца Македонци – Огнен Здравковски и Мартинијан Кириловски. На пејачите заедничко им е и тоа што минатата година и двајцата стигнаа само до петтиот круг, а сега ја имаат можноста да се борат победа.

Тие веќе открија и под кој реден број ќе настапуваат и ја побараа поддршката од гледачите во регионот. Имено, Огнен ќе го видиме под реден број 2, а Мартинијан под реден број 6. Сите детали околу гласањето се очекуваат наскоро.

View this post on Instagram

Во ЧЕТВРТОК на 20 јуни, не го пропуштајте големото СУПЕР ФИНАЛЕ на " ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД ". Со вашето гласање преку СМС пораки дајте ми подршка која ми е од огромна важност. Настапувам под реден БРОЈ 6 , а наскоро ќе добиете повеќе информации за гласањето! 😊 Ваш Мартинијан.❤ —————————————————————— U ČETVRTAK na 20 juni, ne propustajte veliko SUPER FINALE na " Zvezde Granda ". Sa vasim glasanjem preko SMS poruka dajte mi podrsku koja mi e od veliko znacenje. Nastupam pod rednim BROJEM 6, a uskoro će te dobiti vise informacija za glasanje! 😊 Vas Martinijan.❤ SPECIAL THANKS TO: @divaio.boutique #martinijankirilovski #jelenakarleusa #zvezdegranda #grandprodukcija #grandspecijal #grandproduction #macedonia #serbia #bosnia #slovenia #crnagora #hrvatska #menstylefashion #menstyle #fashion #fashionstyle #musicshow #music #showmustgoon #show

A post shared by Martinijan (@martinijankirilovski) on

Утревечер ќе се емитува и полуфиналето на популарното шоу, во кое можеме да очекуваме вистинска лудница. Организаторите веќе започнаа и со аудициите за следната сезона, а Саша Поповиќ и екипата во Скопје доаѓаат на 24 јуни.



Врати се горе ↑