Македонија 11403055_719526564860583_6173588533978684842_n

11 јули, 2015

Да ги поддржиме „Брука бенд“ на „Јелен демофест“!

Скопскиот „Брука бенд“, кој во април годинава дебитираше со хитот „До преѓе“, летово ќе настапи на познатиот фестивал за демо бендови во Бања Лука – „Јелен Демофест“. Самиот фестивал, преку својот спонзор M:TEL организира наградна игра во вид на гласање. Победникот, односно, бендот што ќе добие најмногу гласови, ја добива главната награда лап топ Acer Aspire ES1 – 512.

„Е сега вака да Ви кажеме. За лап топ многу не ни е, ама ако ни помогнете да го освоиме и им го лапнеме пред нос на сите, или ќе го продадеме и ќе ги вложиме парите во снимање албум, или пак ќе го продадеме и ќе купиме пиво за сите пари и сите што гласале ќе ги поканиме на бесплатен концерт, со гага пиво што е подобра опција!!!“, изјавија од бендот.

Да ги поддржиме во намерата со гласање на овој линк.

 



Врати се горе ↑