Аудио 07 D ZOO milena ilic foto

26 март, 2015

„Д Зу“ објави нов сингл пред промотивната турнеја на „Гитаријадата“ во Македонија и Бугарија

Победниците во категоријата најдобар бенд од територијата на Србија на минатогодишната „Гитаријада“ во Заечар, бендот „Д зу“(D Z00) од Суботица, пласираше нов сингл од неодамна објавениот албум „Треќа армија треќег света, како вовед за претстојните настапи во рамките на промотивната турнеја на „Гитаријадата“. „Д Зу“ својот прв официјален албум го објавија на 14 март под етикетата „ПГП“, како дел од наградниот пакет кој им припадна за највисокиот пласман на „Гитаријадата“. За прв сингл ја одбраа нумерата „Земља ничега“, а вториот е штотуку објавената песна „Зип“.

 

„Зип“, „Земља ничега“, како и другите песни од албумот првенец, петчлениот состав од Суботица ќе ги претстави во рамките на промотивната турнеја на „Гитаријадата“, која започнува на 1 април во Софија, продолжува во Ќустендил и Скопје, а потоа во Сараево, Загреб, Љубљана и тн.

На албумот „Треќа армија треќег света“ му претходеше демо изданието насловено „Welcome to D Zoo“ од 2012 година, а на победата на „Гитаријадата“ успешни настапи на натпреварувачките фестивали „Омладина 2012“ (најграда за најдобар текст), „БАРФ 2013“ (награда за најдобра интерпретација) и „БДФЛ 2014“ (прва награда од новинарското жири и второ место во генералниот пласман).

Членовите на бендот и порано изјавиле дека „Гитаријадата во Заечар навистина се грижи за своите бендови“, препорачувајќи им на колегите да се пријават на конкурсот за 49. издание на овој фестивал, кој е во тек и ќе биде отворен до 22 мај.

Фотографии: Милена Илиќ



Врати се горе ↑