Свет pdhd

13 мај, 2014

Д-р Паф Деди: Познатиот рапер докторира на универзитетот „Хауард“

Шон Комбс, кој веќе со години е најбогатиот рапер на светот и кој до сега бил познат по имињата Паф Деди, Паф, Пафи, Пи Диди, Диди и Шон Џон, на својата импресивна колекција на имиња неодамна додаде и уште една титула – д-р Комбс. На свечената церемонија одржана на 10 мај на Универзитетот „Хауард“ во Вашингтон, САД, кој раперот во 1990 година го напуштил со цел да се посвети на музичката кариера, му беше врачен почесен докторат.

Во оваа пригода, која беше пренесувана во живо на неговата веб страна Revolt TV, д-р Комбс изјавил: „Универзитетот Хауард не само што ми го промени животот, туку и ми се вовлече во душата, срцето, целото мое битие и мојот дух. Никој нема туку така да Ве покани да застанете на почетокот на редот, на чело на колоната – морате самите да се изборите за да застанете таму“, а подоцна и преку сервисот Твитер додал: „Каде и да сум одел, што и да сум постигнал, Универзитетот Хауард бил дел од тоа.“

 



Врати се горе ↑