Свет dr_dre_artist_ARIA_141212_640x360

25 март, 2013

Д-р Дре: Еминем го завршува својот нов албум

Како што открил во најновото интервју за радио станицата Power 106, Д-р Дре изјавил дека едно од најочекуваните изданија за годинава, осмиот студиски албум на Еминем наскоро ќе биде потполно завршен. Тој рекол: „Ем завршува со проектот. Што се однесува на мене, сето тоа ме инспирира да се вратам во стидио. Во моментов ми е многу забавно да експериментирам со животот, со креативни нешта, едноставно се овидувам да направам нови и потполно различни нешта со себе.“

Новиот албум на Еминем ќе биде прв по успешниот „Recovery“ од 2010 година, а за сега е познато дека ќе биде објавен по 27-ми мај, празникот во САД познат како Memorial Day. Во продолжение можете да го преслушате целото интервју со Дре, во кое покрај за работата во студио на своите и материјалите на Еминем, тој зборува и за лансирањето на неговиот нов потфат „Beats Music Service“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑