Свет dre

15 декември, 2014

Д-р Дре е најбогатиот музичар за 2014 година

Ако во 2012 година беше на 5 место, Д-р Дре годинава се искачи на самиот врв на листата на набогати музичари според „Форбс“. Музичарот заработил 620 милиони долари со тоа што компанијата „Битс бај Дре“ (Beats by Dr. Dre), чиј соосновач е самиот тој,  ја продал на компанијата „Епл“ (Apple) за 3 милијарди долари.

На второто место со околу 500 милиони помалку се наоѓа Бијонсе, која од продажбата на албуми, турнејата, кампањите за „Пепси“ и „Ејч ен ем“ заработила 115 милиони долари. Бендот „Иглс“ се најде на третото место со 100 милиони долари, најголемиот дел заработени од турнеи.

При составувањето на листата на најбогати музичари, предвид се земени профитот од продажбата на албумите, турнеите и кампањите, а списокот од музичари со најголема заработувачка за годинава Ве очекува во продолжение:

1. Д-р Дре ($620 милиони)
2. Бијонсе ($115 милиони)
3. „Иглс“ ($100 милиони)
4. „Бон Џови“ ($82 милиони)
5. Брус Спрингстин ($81 милион)
6. Џастин Бибер ($80 милиони)
7. „Уан дајрекшн“ ($75 милиони)
8. Пол Макартни ($71 милион)
9. Келвин Харис ($66 милиони)
10. Тоби Кит ($65 милиони)
11. Тејлор Свифт ($64 милиони)
12. Џеј Зи ($60 милиони)
12. Диди ($60 милиони)
12. Бруно Марс ($60 милиони)
15. Џастин Тимберлејк ($57 милиони)
16. Пинк ($52 милиони)
17. Мајкл Бубле ($51 милион)
18. Ријана ($48 милиони)
19. „Ролинг стоунс“ ($47 милиони)
20. Роџерс Вотерс ($46 милиони)
21. Елтон Џон ($45 милиони)
22. Кени Чесни ($44 милиони)
23. Кејти Пери ($40 милиони)
24. Џејсон Олдин ($37 милиони)
24. Џенифер Лопез ($37 милиони)
26. Мајли Сајрус ($36 милиони)
26. Селин Дион ($36 милиони)
28. „Мјуз“ ($34 милиони)
28. Лук Брајан ($34 милиони)
30. Лејди Гага ($33 милиони)
30. Дрејк ($33 милиони)



Врати се горе ↑