Аудио

11 декември, 2016

„Д хаундс“ се сами во „Градот“

Прилепската рок група „Д хаундс“, која летово го прослави својот 7. роденден, деновиве ја претстави својата најнова песна насловена „Градот“.

„Сам сум во градов, во градов, градот што го губи сјајот… Нови луѓе, но како да сум бил тука памтам, ова место е конфузија, го мразам, немам име ни адреса, во пролаз сум, талкам, доаѓам од место што го викаат Балкан..“, се пее во новиот сингл од прилепските рокери, кои се потпишуваат како автори на музиката, а текстот е на Илија Димкоски и Весна Малинова Бабамова, додека во аранжманот и аудио продукцијата им помогна Александар Шилоски.

Текстуалниот видео запис, пак е дело на Филип Ѓорѓиоски, а како звучи „Градот“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Ѓорѓи Десподов



Врати се горе ↑