Македонија 13310412_10154197475159402_514030266317697917_n

5 септември, 2017

„Д хаундс“ наскоро со нов материјал

Откако го прославија осмиот роденден, прилепските рокери „Д хаундс“ неодамна го заокружија летото со дуро 66 настапи ширум земјата, па заминуваат на заслужен одмор. За среќа, нивните обожаватели нема долго да чекаат за повторно да уживаат со омилената група, која вети дека ќе се врати во игра кон средината на септември, со многу настапи, но и со нов авторски материјал.

х

Последното што го слушнавме од нив беше темата „Градот“, која ја објавија на самиот крај од минатата година, а додека го очекуваме најновото од „Д хаундс“, потсетете се токму на оваа одлична нумера. Уживајте!



Врати се горе ↑