Македонија the hounds

23 мај, 2013

„Д хаундс“ ќе „Дишат слободно“ со Леа од Ај Кју

Минатиот месец составот „Д хаундс од градот под Марковите кули најавија нова песна, која ќе ја потпишат авторите Весна Малинова и Кирил Бабамов. Најновата вест поврзана со оваа песна која ќе го носи насловот „Да дишеме слободно“ е гостувањето на Леа, вокалот од познатата група „Ај кју“. Како што најавуваат момците од бендот, песната има „сериозно моќен текст и звучи сериозно добро“, а ние воопшто не се сомневаме во тоа. Синглот е во финална фаза на обработка и ќе биде објавен наскоро.

Додека го очекуваме најновото од овој бенд, сите кои сакаат да уживаат во одличните настапи на „Д хаундс“ вечерва ќе имаат можност тоа да го направат во битолскиот ноќен клуб „Позитив“, а утревечер во „Piano Bar“ во Штип. Во продолжение уживајте со „Розитка“.

 



Врати се горе ↑