24 април, 2018

„Д хаундс“ ја екранизираа последната песна од првиот албум

Прилепскиот рок-состав „Д хаундс“ (The Hounds) викендов го промовираше видеото за последната песна од првиот албум. Станува збор за темата насловена „Заминувам од овде“, чија музика е на самите членови на бендот, стиховите се на колешката Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов.

Интересното видео, пак, во кое главната улога ја доби Ева Антулеска, е снимено на повеќе градски локации, а го изработија Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија „Тон бандитс“.

„Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018 година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада“, изјави фронтменот на бендот, Златко Карчески, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑