Настани

16 август, 2017

„Д хаундс“ го прославуваат 8. роденден

Вечерва, 16 август, со почеток од 21.30 часот во прилепското кафуле „Апореа“, рок составот „Д хаундс“ ќе го прослави својот 8. роденден.

„Неизмерно сме благодарни за вашата заинтересираност за овој наш моментум, како и за поддршката која цело време безрезервно ни ја давате. Бидете дел од последниот урбан настан кој традиционално осум години го краси Прилеп, покрај нас – со изведувачи што се како остров во државава и пркосат на сите турбофолк рефрени што алармантно веќе нè опкружуваат“, велат од бендот.

Заедно со нив ќе слават и Мето С, диџеј Ацика, Дејан Пит, Дејвид Кеј, Марио Еди (Дисконектед), „Рум 313“, „Сирилик“ и Леана Таќи. Повеќе за настанот на Фејсбук.



Врати се горе ↑