Настани ZaMagdalena

11 јули, 2015

„Д фестивал“ е подготвен! Ова е распоредот на часови

Уште неполна недела нè дели од јубилејното 5. издание на „Д фестивал“!

„Интересот и повратната реакција која ја добиваме надмина сè што очекувавме. Со оглед на понудата што ја подготвивме, енергијата која ја вложивме и одличната програма, очекуваме извонредна забава. Нè чекаат 3 максимално исполнети денови и многу потенцијални приказни. На 3 сцени имаме повеќе од 30 артисти и бендови и многу диџеи“, велат органзаторите.

Карти сè уште има и цената останува иста додека не се продадат сите билети по промотивна цена, кои секој час се во сè помал број. Неверојатни 600 денари за 3-дневна фестивалска влезница плус простор за камп. Дневните влезници за петок и сабота (17 и 18 јули) чинат 250, а за недела (19 јули) се 350 денари. Од 17 јули фестивалската карта чини 800 денари, а дневните влезници 100 денари повеќе, т.е. 350, 350 и 450 денари. Сите детали и продажни места низ Македонија на МкТикетс.

Важно е дека со дневна влезница, посетителите на фестивалот нема да можат да влезат во кампот и да уживаат во преполната програма во овој фестивалски сегмент. Доколку имате карта за само еден ден, влезот во кампот ќе ве чини дополнителни 200 денари, за кои добивате камперска алка и пристап до се’ што се нуди како дополнителни активности.

Главната програма се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран, гледајќи десно ако се движите од Нов Дојран. Тука ќе биде поставена голема сцена со сè што е потребно за вистинско фестивалско доживување. На главнанат сцена програмата ќе се одвива по следниов редослед:

 

Паркинг ќе има веднаш до главната сцена на „Д фестивал“.

Кампот се отвора на 16 јули (четврток) и е лоциран во прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран, кај општината. Од главната сцена е оддалечен 5 минути пеш. Полн со сенка, паркот е идеален за фестивалско сместување. Инфраструктурата веќе се поставува, кампот е проширен заради илјадниците посетители коишто се очекуваат и сега во него има доволно простор за да се направат многу работи, и тоа ќе се случи. Кампот ќе биде ограден, ќе има тушеви, тоалети, ВиФи интернет, пункт за полнење телефони….

Москито сцената е втората фестивалска сцена, сместена во кампот, којашто ќе има своја супер програма во сабота и недела, т.е. 18 и 19 јули. Распоредот на бендовите на „Комарецот“ е следен:

 

Третата сцена е сместена на едниот крај од кампот, а за програмата ќе се грижат неколку десетици диџеи.

Дополнителна програма има многу. Посебно задоволство претставува Граѓанската зона за акција, во којашто организаторите успеаја да вклучат речиси 20 организации од секаков тип. Формални и неформални групи и сите одлични. Има различни делувачи на повеќе полиња кои ќе се претстават преку работилници, дебати, презентации, изложби, поетски читања, проекции, дискусии… цела дополнителна програма во која ќе уживаат Д фестивалџиите. Повеќе, тука.

Екстра понуда има во изобилие. Во кампот ќе има свежо приготвено кафе, цедени сокови, храна со месо и без, трамполини, друштвени игри, па и Плеј Стејшн. Ќе се прават суканици, ќе се изработува накит, маички…

Организиран превоз има. Неколку туристички агенции Ве водат од десетина града од Македонија до единствената фестивалска понуда летово. Повеќе информации на следниов линк.

На точак се стига до Дојран, а со велосипед ќе можете да влезете во кампот. Во Дојран ќе се изнајмуваат и точаци – бесплатно.

Сè е подготвено за 5. „Д фестивал“ и сè е најубаво.

Се гледаме во Дојран!

dfestival.mk

mktickets.mk



Врати се горе ↑