27 јуни, 2014

„Црвено, жолто, зелено“ е новата песна на Пеперминт

Новата песна на панк-рок составот Пеперминт е најава за новиот албум кој веќе е во подготовка. Видеоспотот за „Црвено, жолто, зелено“, пак, е љубовна приказна за двајца кои по многу разминувања ќе си ја реанимираат детската љубов неколу години подоцна. Сниман на неколку локации низ Скопје, во него како статисти се појавуваат дечињата од ОУ „Блаже Конески“ и двајца млади актери.

Песната е прилично пеперминтовска, се вика ,,Црвено, жолто, зелено“, а видеото овој пат комплетно ги задоволи нашите високи критериуми за ,,одлично сработен спот“велат „пеперминтовци“.

Продуцент на видеото е Александар Пауновски, камера оператор Гоги Полизов и Кристијан Теодоров, фар оператор Александар Ивановски, а како монтажер се потпиша Филип Пауновски, во продукција на „Storyteller“.



Врати се горе ↑