Настани crvena jabuka

14 февруари, 2013

Црвена Јабука во Колосеум

К-тим продукција со гордост Ви го најавува гостувањето на една од најголемите поп-рок групи од поранешна Југославија, легендарниот состав Црвена Јабука. Настапот на легендите е закажан за 29-ти март (сабота) во клубот Колосеум. Наскоро ќе бидат познати повеќе детали околу настанот, како и цените на влезниците.

Додека го очекуваме нивниот настап, да се потсетиме на синглот „Мјесече“ од нивниот последен албум „За твоју љубав“, а неодамна ја снимија и песната „Ово је крај“ во соработка со Неверне Бебе, песна која ќе се најде на нивниот нов албум, чија промоција е закажана за месец март.

 



Врати се горе ↑