3 декември, 2015

Црногорските евровизиски претставници „Хајуеј“ го објавија својот прв видео запис

Црногорското трио „Хајуеј“ (Highway), кое балканската публика најдобро го знае по учеството и освоеното четврто место во втората сезона од регионалниот „Х фактор, докажа дека нема намера да остане запаметено само по тоа. Имено, групата составена од Лука Војводиќ, Петар Тошиќ и Марко Пешиќ, неодамна конечно го објави и својот прв видео запис за темата насловена „Сам“, чиј автор е гитаристот на бендот, Лука, а продукцијата ја потпишува Срѓан Секуловиќ – Сканси, кој е одоговорен за хитови како што е „Хипнотизиран“ од Дино Дворник.

После „Бар на кратко“ и освоеното 3. место во вечерта за нови ѕвезди на фестивалот „Сунчане скале 2015“, „Сам“ е втор сингл за триото и е во нивниот веќе препознатлив стил, а сето тоа спакувано со одличен видео запис, снимен во Липската пештера во Црна Гора, Ве очекува горе.

Уште еден доказ дека шармантните Црногорци се на добар пат да ги освојат срцата и на европската публика е фактот што токму тие ќе ги бранат боите на својата земја на претстојното 61. издание на „Евровизија, кое в година ќе се одржи во Стокхолм, Шведска. „Хајуеј“ се осми претставници на Црна Гора, која дебитираше на фестивалот во 2007 година, а направи пауза во 2010 и 2011 година. Најдобар пласман досега, односно освоено 13. место во финале, има годинешниот претставник Кнез со песната „Адио“.

„Хајуеј“ можете да ги следите на Фејсбук, Твитер и Јутјуб.



Врати се горе ↑