Македонија 14982_10152777706953395_1308128612605177762_n

3 октомври, 2014

„Црно и бело“ на Калиопи е најслушаната македонска песна на „Јутјуб“

Евровизиската „Црно и бело“, со која Калиопи ја претставуваше Македонија во Баку во 2012 година, е најслушаната македонска песна на сервисот „Јутјуб“ од 2010 година досега. Песната која ја обнови соработката на Калиопи со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, се најде на врвот на листата составена од 19 песни, на која се најдоа и хитови на изведувачи како што се Каролина Гочева, Слаткаристика, Лозано, Тони Зен, Тијана Дапчевиќ, ДНК, Магдалена Цветкоска, Скипи, Тајзи, Елена Ристеска и други.

Критериумите кои беа земени предвид при составувањето на оваа листа се следните:

1. Песната мора да има верзија на македонски јазик и да спаѓа под забавна музика;

2. Се земаат предвид сите видеа од песната што имаат над 10 000 прегледи;

3. Доаѓаат предвид збирно сите јазични верзии (англиски, спрски итн, но пред сè мора да има македонска верзија);

4. Во збирот може да влезат видео записи, текстуални видео записи, но и целосни настапи од концерти, вестивали и емисии (секако, ако имаат над 10 000 прегледи). Ремикси и преработки не влегуваат во збирот;

5. За една песна да влезе во оваа листа, треба да има над милион прегледи;

6. Песната треба да потекнува минимум од 2010 година.

 

„Црно и бело“ се најде на врвот на листата со 5 284 641 преглед, а колку прегледи собраа останатите песни можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑