Балкан BJ 2

13 март, 2013

„Црните Џокери“ заминуваат на турнеја во регионот

По активната и успешна 2012 година исполнета со многубројни настапи од кои се издвојуваат оние на Демо фест во Бања Лука и познатата Зајечарска Гитаријада, составот Блек Џокер (Black Joker) од Пирот ја започнува турнејата низ регионот насловена „We ride“.

„Идејата за бендот, како и целата пиротска сцена да бидат претставени пред поширок аудиториум, ќе биде реализирана со помош на Здружението на граѓани Освежување“ – изјави Владимир Костиќ, бас гитаристот на бендот.

Претстојните настапи Џокерите ќе ги искористат за што повеќе луѓе да се запознаат со нивната музика и демо ЕП изданието „Outlaw vol 1“. До сега се потврдени концертите во Димитровград (14-ти март), Бор (22-ри март), Зајечар (23-ти март), Ниш (28-ми март) и Бабушница (29-ти март).

„На сите настапи ќе свириме авторски песни, но и омилените преработки на песните и бендовите кои имале најголемо влијание на музичкиот израз на Џокерите. Истовремено се подготвуваме и за снимање на видео запис и продолжуваме со работата на првиот албум. Сепак, најмногу ги сакаме настапите во живо и размената на енергија со публиката, затоа со нетрпение ги чекаме претстојните настапи.“ – заклучи Костиќ, откривајќи ги планоците на бендот.

Од тимот на перспективниот пиротски состав навестуваат дека наскоро ќе настапат и во соседните држави, па веројатно ќе имаме можност да ги видиме и во Македонија. Во продолжение погледнете каква беше атмосферата за време на нивниот настап на минатогодишниот Јелен ДемоФест во Бања Лука.

 

 

 

 



Врати се горе ↑