Македонија

17 август, 2018

„Црнила“ на Чашуле во хип-хоп изведба, премиерата на 8. „Здраво млади“

Младинскиот културен центар најави премиера на претставата „Црнила ремикс“ по идеја и режија на Јордан Симонов, во рамките на осмиот фестивал „Здраво млади“ што ќе се одржи на 1 септември.

„’Црнила ремикс’ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на „Зад аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата“, соопшти МКЦ.

Музиката и препевот се на Дарко Димитриески и Павле Димковски од „Зад аголот“, сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, а улогите ќе ги играат: Стефан Вујисиќ (Луков), Александар Михајловски (Фезлиев), Владимир Петровиќ (Иван), Горан Ников (Методи), Ненад Анѓелковиќ (Младичот), Сања Арсовска (Неда) и Павле Димковски (Христов).

Денес ви ја најавуваме и светската премиера на театарската претстава ЦРНИЛА РЕМИКС која ќе биде дел од годинешното…

Gepostet von Zdravo Mladi am Mittwoch, 15. August 2018

На годинашниот фестивал „Здраво млади“ ќе настапат изведувачи од САД, Англија, Ирска и Србија, а од Македонија учесници ќе бидат „Палиндром“, Донплеја и Бон Праскиза, Драги, Оги и Петр. На еднодневниот фестивал што го организира МКЦ ќе има и пладневна програма за најмладите со настап на  „5+ бенд“.

Билетите за фестивалот може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс и на билетарницата на МКЦ.

Извор: Нова Македонија



Врати се горе ↑