„Црната планета“ со емисија за промоција на бендови од регионот
Независната издавачка куќа „Блек планет рекордс“ (Black Planet Records), којашто ги поддржува алтернативните бендови од регионот и која досега, меѓу другото, издала и две компилациски изданија насловени „Balkan Under The Radar Vol. 1 & 2“, од неодамна започна со нов проект. Имено, соработката со „Удружење Освежење“, ОКЦП и ТВП резултираше со емисијата „АЛТЕРнација“, чија цел е претставување на интересни бендови од регионот, коишто се поврзани со етикетата.
Првите две епизоди во чии рамки ќе ги запознаете бендовите „Дер“ (There) и „Пластик сандеј“ (Plastic Sunday) од Ниш, Србија, Ве очекуваат во продолжение. Уживајте!