Балкан bpr

23 март, 2016

„Црната планета“ објави конкурс за 4. дел од „Balkan Under The Radar’

После успешно реализираните 3 годишни компилации со андерграунд музика и десетина илјади преземања, издавачката куќа од Ниш, „Блек планет рекордс“ (Black Planet Records), организира конкурс за 4. издание на „Balkan Under The Radar“.

Оваа компилација има за цел да ги открие интересните имиња од Србија, но и од останатите земји од поранешна Југославија. Покрај бендовите и самостојните музичари, на компилацијата ќе може да учествува кој било соло уметник, проект или бенд кој одговара на концептот на музиката што ја објавува „Црната планета“.

Условите за учество на конкурсот за „Balkan under the Radar: vol 4.“ се следните:

  • песната да не е објавена досега;
  • да не е подолга од 15 минути;
  • да спаѓа во рамките на алтернативната/неконвенционалната (несекојдневна) музика, без оглед на жанрот;
  • изведувачот да е од просторот на поранешна Југославија или Балканот.

Компилацијата ќе биде издадена на цеде со ограничен тираж, кој нема да биде на продажба, но ќе биде достапна за бесплатно симнување на Бендкемп. Ова е непрофитна приказна, без договори, без преземање права на музиката, а се реализира само од љубов за музиката, меѓусебната поддршка и за спојување на луѓе со слични размислувања. Без оглед што оваа компилација со непозната музика, многу релевантни музички имиња го поддржале овој проект со песна.

Своите дела можете да ги испратите на адресата b.planet.records@gmail.com. Предвид доаѓаат и приватни линкови за преслушување или симнување во мп3 192ksb+ формат. Исто така, би требало да наведите кои сте, од каде доаѓате и името на бендот (проектот). Крајниот рок е 1 јуни 2016 година, а за сите дополнителни прашања пишете на b.planet.records@gmail.com

Првите три дела од компилацијата можете да ги симнете овде.



Врати се горе ↑