10 март, 2017

Црна Гора ќе оди на „Евровизија 2017“ со Славко Калезиќ и „Space“

Контроверзниот Славко Калезиќ, кого балканската публика го запозна како учесник, а привремено и водител на регионалниот „Х фактор“, е годинешниот евровизиски претставник на Црна Гора. Црномурестиот шоумен денеска ја претстави и песната со која ќе ги брани боите на својата земја, а темата насловена „Space“ е дело ка композиторот Момчило Зековиќ и текстописецот Адис Еминиќ.

Станува збор за песна со брз ритам и малку ретро призвук, чие придружно видео е сосема во стилот на енергичниот Калезиќ, па сигурни сме дека ќе приреди вистинско шоу и на сцената во Киев, а за сето тоа ќе се погрижи добро познатиот Дејан Миличевиќ.

Тој ќе настапи во рамките на првата полуфинална вечер на 9 мај, заедно со Албанија, Словенија и Грција, а во втората полуфинална вечер ќе се натпреварува и нашата претставничка Јана Бурческа, како и претставниците на Србија, Бугарија и Хрватска.



Врати се горе ↑