15 март, 2013

Црна Гора ја претстави евровизиската „Игранка“

Како што беше најавено, Црна Гора годинава во Малме ќе ја прати групата Who See во придружба на Нина Жижиќ. Песната со која ќе ги бранат боите на нивната земја е насловена „Игранка“, а видео записот за истата синоќа беше премиерно претставен на националната телевизија. Автор на композицијата е Скај Виклер, кој го напиша текстот заедно со членовите на бендот, а за аранжманот ги здружи силите со Жељко Вељковиќ.

 

 Извор: Трачара



Врати се горе ↑