Балкан who-see-montenegro-eurosong2013

26 декември, 2012

Црна Гора го избра претставникот за Евросонг 2013

Црна Гора го избра преставникот кој ќе ги брани боите на оваа земја во шведскиот град Малме, следниот мај, а тоа ќе биде хип хоп бендот Who See, кој е еден од најпопуларните бендови во овој регион, како што беше потврдено од страна на престижни награди MTV Best Adria Act, награда која ја освоија како најдобар бенд во регионот, а беа номинирани и за МТV ЕМА (Europe Music Awards), објави задолжениот за односи со јавноста за Црна Гора, Сабри Вулиќ.

Who See е составен од две момчиња од Которскиот залив: Dedduh (Дејан Дедовиќ) од Котор и Noyz (Марио Ѓорѓевиќ) од Херцег Нови. Формирана во 2000  година и досега имаат издадено два албума „Свирање купцу“ во 2007 година и „Крш и драча“ во 2012 година. „Задоволни сме што луѓето од РТЦГ решиле токму ние да ја претставуваме Црна Гора на Евровизија“ – изјавиле момците од дуото.

Со видео записот за песната „Reggaeton Montenegro“ се задржаа цели пет недели на чело на листата на музичкиот канал МТВ Адриа, во конкуренција со престижни уметници од регионот.

 



Врати се горе ↑