Свет evrovizija-640x361

5 февруари, 2016

„Come Together“ e официјалното евровизиско лого и слоган за „Евросонг 2016“

„Come Together“ или „Дојдете заедно“ е логото на годинешното, 61. по ред издание на најпознатиот фестивал на стариот континент – „Евровизија“. Официјалните евровизиски обележја – логото и слоганот неодамна беа претставени во Стокхолм, во Шведска, каде што во мај ќе се одржува самата манифестација. Логото инспирирано од глуварчето, ја симболизира моќта на отпорот и истрајноста, но и на регенерацијата, како кога семињата на глуварчето ќе одлетаат и содзаваат нов живот штом ја допрат земјата.

Натпреварот и годинава ќе биде поделен во две полуфинални вечери, закажани за 10 и 12 мај, а големото финале ќе се случи на 14 мај. Своето учество го потврдија рекорден број од 43 земји, а на неодамнешното влечење жрепка за распоредот во полуфиналните вечери, дознавме дека нашата претставничка Калиопи ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12 мај.

Од 61. издание на популарниот фестивал и официјално нè делат уште 99 дена, а во продолжение погледнете како изгледаат апликациите со официјалното лого, потоа истотото тоа лого во кое се интегрирани апликациите со знамињата на земјите учеснички, меѓу кои и Република Македонија. Композицијата што ќе ја слушнете е минатогодишната насловна тема „Building Bridges“ во изведба на автриската победничка од 2014 година, Кончита Вурст.

 



Врати се горе ↑